Достапни линкови

Дневен печат - Нов бран и стара економска криза


Кого и каде ќе оддува новиот бран?
Кого и каде ќе оддува новиот бран?

Дневните весници пишуваат за новиот бран во ВМРО-ДПМНЕ, курсот на денарот, задолженоста и за влијанието од светската криза врз македонската економија.

Сите весници ја објавуваат веста дека Собранието ја усвои Декларацијата со која се бара прием во НАТО на земјава на претстојниот самит на Алијансата во Чикаго, но Утрински ја поставува дилемата: „Декларација за НАТО - зошто?“, наведувајќи дека определбата на Македонија за членство никогаш и не била доведена во прашање, и оттука било нејасно зошто се прави театар за јавноста?
„Новиот бран“ - за кадровските чистки во владејачката партија биле по налог на братучедот на премиерот, Мијалков, а проветрувањето е наменето за кадрите блиски до Ставрески.
Фокус.

Во меѓувреме, дневниот Капитал во интервјуто со извршната директорка на ММФ Кристин Лагард го цитира нејзиното мислење дека Македонија не може да ги одбегне последиците од европската должничка криза, затоа што земјата е тесно поврзана со еврозоната преку трговската размена, но и преку банкарските канали, така што тоа се главните ризици опасни и за македонската економија.

Се чини дека за Нова Македонија за се' лошо во економијата е виновен фиксниот курс на денарот: весникот објавува текст под наслов: „Се' тече, се' се менува, само денарот е вечен“, во кој главно место зазема тезата дека фиксниот курс на денарот на земјава и донесол просечен бруто-домашен производ еднаков на оној во африканските земји, економски пораст што не носи развој и подобрување на стандардот, трговски дефицит во милијарди евра и стапка на невработеност зацементирана на 30 отсто.

Од друга страна, Вечер ја објавува изјавата на гувернерот Богов, кој по најновото задолжување на Владата кај Дојче Банк, смета дека Македонија имала простор уште да се задолжува, зашто јавниот долг и' бил само 27 отсто од БДП и сме биле нискозадолжена земја.

Дневниот Фокус, пак, насловува дека кредитот од Дојче Банк бил „аванс“ за техничка влада и за референдум за името. Истиот дневен весник открива дека „новиот бран“ - за кадровските чистки во владејачката партија биле по налог на братучедот на премиерот, Мијалков и дека проветрувањето било наменето за кадрите блиски до Ставрески. За чистката за која премиерот изјави дека ќе трае до јули, како што објави доброинформираниот Вечер, Утрински вели дека владее „Страв во ВМРО-ДПМНЕ“ и дека од промените единствено може да се очекува поголема пластична операција за подмладување на истиот политички остарен организам кој, пак, не може да понуди решенија за најголемите интереси на Македонија.

Инаку, провладините Вечер, Дневник, а и државната МИА, како да се натпреваруваат кој е подобро информиран: секој ден можат да се прочитаат имиња на сменети директори и други функционери, кои одат де во амбасадори, де на други функции. И, во меѓувреме на политичките игри, по кои се заборави на истрагата за петкратното убиство крај Скопје, над 20 училишта само во Скопје имаат канцерогени азбестни покриви - објавува Нова Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG