Достапни линкови

Партнерски косултации Македонија - НАТО во Брисел


Во седиштето на НАТО во Брисел се одржа состанокот на Република Македонија со Комитетот на НАТО за Политика и Партнерства со цел одобрување на Партнерските цели на РМ за 2012 година во рамките на Процесот за планирање и анализа. Македонската делегација е предводена од државниот секретар во Министерството за одбрана Петар Есмеров, а во составот се и амбасдорот на Репбулика Македонија при НАТО Мартин Треневски, претставници на Министерството за одбрана, ГШ на АРМ, МВР и Министерство за финансии.
На состанокот беше поздравен напредокот на Република Македонија во имплементацијата на барањата од партнерските цели, посветеноста на одбранбените реформи, развојот на распоредливите способности, придонесот во операциите предводени од НАТО. Беше споделена оценката дека Република Македонија е кредибилен партнер со интероперативни сили и способности. Заклучено е дека Република Македонија е целосно подготена за преземање на одговорностите и обврските кои проилзегуваат од членството во НАТО.
XS
SM
MD
LG