Достапни линкови

Германскиот претседател ја откажа посетата на Украина


Германскиот претседател Јоаким Гаук

Германскиот претседател Јоаким Гаук

Германскиот претседател Јоаким Гаук ја откажа посетата на Украина, планирана за наредниот месец поради здравствената состојба и третманот на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко која се наоѓа во затвор. Германските медиуми јавуваат дека тој ја донесол оваа одлука во консултации со канцеларот Ангела Меркел. Тимошенко издржува казна затвор од седум години поради злоупотреба на функцијата. Таа во минатиот петок почна штрајк со глад, обвинувајќи ги стражарите дека ја малтретирале.
XS
SM
MD
LG