Достапни линкови

logo-print

Во Кина само со вино и цигари


Илустрација: Интернет кафе во Кина.

Илустрација: Интернет кафе во Кина.

Македонија е мал произведувач за да може да се наметне на кинескиот пазар. Со помош на државата таму може да се извезува вино и цигари, велат упатените.

Премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува и ќе се обрати на бизнис форумот „Полска – Централна Европа – Кина“, што се одржува во Варшава. Домаќин на настанот е полскиот премиер Доналд Туск, а предвидено е присуство и на кинескиот премиер Вен Џиабао. Покрај нив, на бизнис форумот најавено е присуство на неколку премиери, како и високи претставници од Унгарија, Романија, Бугарија, Литванија, Латвија, Естонија, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Кинезите се отвораат и ги менуваат своите навики и менталитет и почнуваат да пијат и вино, но треба да се земе предвид дека тоа е отворен пазар и нападнат од сите можни произведувачи. Така што, со помош на државата, нормално интерес кај произведувачите на вино постои, но им треба помош, поготово во почетниот период кога се освојува пазарот. И со една стратегија и повторно повторувам со помош од државата, може да се најде простор за нашето вино на кинескиот пазар.

Во владата информираат дека во рамки на форумот е предвидено премиерот Груевски се сретне со кинескиот премиер Вен Џиабао, како и со полскиот премиер Доналд Туск.
Илустрација - Винарска визба.

Илустрација - Винарска визба.


На самитот во Варшава ќе бидат претставени 300 кинески фирми и 450 компании од Европа. Според европските аналитичари, земјите кои не се во еврозоната или во Европската унија се подготвени „да постелат црвен килим“ за инвеститорите од Кина.

Во Македонија има незначителен процент странски инвестиции од Кина. Зошто кинеските инвеститори би дошле токму во Македонија во ситуација кога цела Европа се труди да ги привлече? Претседателот на македонско-кинескиот деловен центар во Стопанската комора на Македонија Драган Младеновски вели дека секоја држава има свои компаративни предности кои што треба да се истакнат.

„Едната област е енергетиката, енергетскиот сектор, а вториот дел е во развој на рударството и суровините, посебно на металите. Во овие две области Македонија има можности, во другите области е веќе покомплицирано.“
Кинезите се страстни пушачи. Тој дел би можел да биде поатрактивен. За друго ние не сме во моментов спремни, можностите на нашето стопанство не се од тој обем за да можеме да бидеме интересни како произведувачи на стоки кои би биле атрактивни за кинескиот пазар.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена меѓу Македонија и Кина во 2011 година изнесувала околу 482 милиони долари, од кои само 127 милиони долари се извезени македонски производи во Кина, а увозот е 355 милиони долари. Младеновски вели дека Македонија на кинескиот пазар може да извезува само дел од земјоделското производство.

„Кинезите се отвораат и ги менуваат своите навики и менталитет и почнуваат да пијат и вино, но треба да се земе предвид дека тоа е отворен пазар и нападнат од сите можни произведувачи. Така што, со помош на државата, нормално интерес кај произведувачите на вино постои, но им треба помош, поготово во почетниот период кога се освојува пазарот. И со една стратегија и повторно повторувам со помош од државата, може да се најде простор за нашето вино на кинескиот пазар“, вели Младеновски.

Тој вели дека на кинескиот пазар може да се извезуваат и цигари.

„Кинезите се страстни пушачи. Тој дел би можел да биде поатрактивен. За друго ние не сме во моментов спремни, можностите на нашето стопанство не се од тој обем за да можеме да бидеме интересни како произведувачи на стоки кои би биле атрактивни за кинескиот пазар.“

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, кој има дипломатско искуство и во Кина, вели дека предноста на Македонија се даночните олеснувања.

„Кина го купи Пирејското пристаниште, а преговара и за купување на други грчки пристаништа. Кина ќе биде заинтересирана за транзит низ Македонија, така што би било многу умешно Кина да ги купи железниците и во Србија и во Македонија и да постигне некој концесиски договор на долг рок.“

Ако тоа се случи, вели Никовски, Кина може да се заинтересира и за отворање бизниси во Македонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG