Достапни линкови

АИ бара од ЕУ истрага за воени злосторства на Косово


Амнести интернешнал побара од Европската унија поинтензивно да ги истражи можните воени злосторства извршени и од албанците и од србите на Косово за време на конфликтот во 1999 година, но и потоа. Оваа организација побара од Унијата да ја зајакне мисијата Еулекс чија врвна задача треба да биде истрагата на воените злосторства. Претходно, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Еулекс не е доволно финансиран и оти мировниците на НАТО патролираат во кризните делови на Косово.
XS
SM
MD
LG