Достапни линкови

Ердоган: Турција ќе ги искористи механизмите на НАТО против Сирија


турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

,,Доколку Сирија повторно ја наруши границата меѓу двете земји, Турција, како членка на НАТО, ќе ги преземе неопходните мерки. Во овој случај ќе влезе во сила член пет, што се однесува на напад врз членка на Алијансата,, изјави во интервју за катарската телевизија „Ал Џезира,, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој повтори дека Турција не ги прифаќа дејствијата на сирискиот претседател Башар ал Асад, затоа што тие се „нехумани и неисламски“. Во почетокот на месецов сириската армија пукала врз бегалски камп на турска територија во Килис при што биле ранети двајца турски граѓани и неколку сиријци. Во Турција има околу 25 илјади сиријски бегалци.
XS
SM
MD
LG