Достапни линкови

logo-print

Во Берлин средба меѓу министрите за одбрана на Македонија и Германија


Министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими

Министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими

Министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими, кој престојува во официјалната посета на Германија, денеска ќе има средба со својот германски колега Томас де Мезиер, како и со парламентарниот државен секретар во германското Министерство за одбрана Кристијан Шмид. На средбите се очекува да бидат разменати мислења и информации во врска со претстојниот Самит на НАТО во Чикаго и заедничкото учество во мисиите со акцент на мисијата ИСАФ, како и за учеството во борбената група на ЕУ. Тема на разговорите ќе бидат и проектите од рамките на регионалната соработка, пред сè за можноста за искористување на капацитетите на регионалните тренинг-центри како што се армискиот полигон „Криволак“ и Воено медицинскиот центар.
XS
SM
MD
LG