Достапни линкови

Груевски во Варшава, Арифи во САД


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе учествува и ќе се обрати на бизнис форумот „Полска – Централна Европа – Кина“, што ќе се одржи во Варшава. Домаќин на настанот е полскиот премиер Доналд Туск, а предвидено е присуство и на премиерот на НР Кина, Вен Џиабао. Во рамки на форумот предвидено е Груевски да има средби со Џиабао и со Туск.
Вицепремиерката за европски прашања пак, Теута Арифи од денеска престојува во работна посета на Њујорк. Во рамки на посетата, таа ќе се сретне со Гулден Туркоз Кослет, директор за програмска поддршка во Одделот за жени при Обединетите нации . Арифи ќе присуствува и на одбележувањето на стогодишнината од формирањето на Паналбанската федерација од САД, а ќе има средба и со претставници на Обединетата македонска дијаспора.
XS
SM
MD
LG