Достапни линкови

Европскиот парламент го осуди третманот врз Тимошенко


Јулија Тимошенко

Јулија Тимошенко

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го осуди третманот во затворот врз поранешната премиерка Јулија Тимошенко од страна на украинските власти. Шулц изјави дека извештаите за Тимошенко минатата недела се неприфатливи. Тој рече дека ако Тимошенко била претепана или е лошо третирана во затвор, тоа е "срам и срамота" за Украина.
Адвокатот на Тимошенко соопшти дека таа почнала штрајк со глад на 20 април во знак на протест откако била тепана и присилно однесена во украинска клиника за лекување на болките во грбот. Официјалните лица во затвор, ги негираат овие тврдења.
XS
SM
MD
LG