Достапни линкови

Денеска пресуда за поранешниот либериски претседател


Чарлс Тејлор

Судот на ОН за воени злосторства во Хаг треба да ја донесе пресудата против Чарлс Тејлор. Поранешниот либериски претседател е обвинет за поддршка и насочување на бунтовниците за време на крвавата граѓанска војна во Сиера Леоне во1990-тите, во која загинаа околу 50.000 луѓе. Тејлор исто така е обвинет за финансирање на неговата воените напори со "крвавите дијаманти", кои беа илегално пренесени во Сиера Леоне. Тој ги негира обвиненијата за злосторства против човештвото. Пресудата ќе биде прва која се однесува на поранешниот шеф на државата од страна на меѓународните судови на Хаг. Екс-југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ беше суден, но почина пред случајот да биде завршен.
XS
SM
MD
LG