Достапни линкови

Судот нема да ги поништи обвиненијата за Викиликс


Бредли Менинг

Бредли Менинг

Американски воен судија одби да ги поништи обвиненијата против припадник на американската војска кој се товари за инволвираност во најголемото неовластено објавување на информации во американската историја. Судијката Денис Линд ја соопшти ваквата одлука на сослушувањето на Бредли Mенинг, откако неговите адвокати побараа поништување на сите 22 обвиненија против него. Менинг е обвинет за инволвираност во предавањето на доверливи информации од американските мисии во Авганистан и Ирак како и дипломатски дописи до интернет порталот „Викиликс“ во 2009 и 2010 година. Се уште не е одреден датум за почеток на судењето.
XS
SM
MD
LG