Достапни линкови

Молдавија го повлече амбасадорот од Русија


Андреи Негута

Андреи Негута

Молдавија го повлече својот амбасадор во Русија откако дипломатот изрази став со кој го подржа присуството на руски трупи во сепаратистичкиот регион Трансдниестер. Амбасадорот Андреи Негута во изјава за руската новинска агенција „Итар Тас“ на 9 април рече дека повлекувањето на 1500 руски војници од сепаратистичкиот регион би ја загрозило Молдавија. Молдавскиот министер за надвотрешни работи Иуире Леанца денеска рече дека забелешките на амбасадорот биле „несреќни“.
XS
SM
MD
LG