Достапни линкови

logo-print

Лукоил започна енергетски проект тежок 25 милијарди долари


Вториот по големина руски производител на нафта „Лукоил“ соопшти дека почнал со вадење на нафта од поле во Ирак, што претставува еден од најамбициозните енергеткски потфати во регионот. Високи претставници на „Лукоил“ заедно со партнерите во проектот: Ирачката влада, американската компанија „Бејкер Хјуз“ и јужнокорејскиот „Самсунг“, денеска присуствуваа на церемонијата за одбележување на комерцијалното производство на нафта од полето во близина на ирачкиот град Басра. Се проценува дека со 14 милијарди барели неиспумпана нафта, полето Курна 2 е втотр по големина извор на енергенсот. „Лукоил“ планира да инвестира 25 милијарди американски долари во проектот.
XS
SM
MD
LG