Достапни линкови

Турската заедница во САД бара Македонија да биде примена во НАТО


Писмо до претседателот Барак Обама во кое тој се повикува „да ги земе предвид интересите на евроатлантската заедница со демонстрирање на јасна американска поддршка за членство на Македонија во НАТО на претстојниот Самит во Чикаго во мај“, упатија Собранието на Здруженијата на Американци со турско потекло (АТАА), Федерацијата на асоцијации на Американци со турско потекло и на Турската коалиција на Америка. Ова го соопшти Обединетата македонска дијаспора која одржува пријателски врски со овие организации на Турската заедница во Америка, а кои бројат над 800 илјади лица.
XS
SM
MD
LG