Достапни линкови

Згасна вечниот пламен во Бишкек поради неплатена сметка


.

.

„Вечниот пламен“ во главниот град на Киргистан Бишкек згасна поради неплатена сметка за гас. Киргистанската енергетска компанија соопшти дека го исклучиле дотокот на гас до споменикот од војната откако владата не го подмирила долгот во износ од 9,400 американски долари. Сметката била достасана за плаќање веќе три години, потврди портпарол на компанијата. Покрај недоразбирањата околу тоа кој е надлежен да ја подмири сметката од комапнијата за гас се надеваат дека пламенот повторно ќе се запали до 9 мај кога повеќе поранешни советски републики ја слават победата во Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG