Достапни линкови

logo-print

Тетовци се жалат за струјата кај народниот правобранител


Канцеларија на народниот правобранител во Тетово.

Канцеларија на народниот правобранител во Тетово.

Најмногу претставки се за проблеми со ЕВН за испорачаните сметки за потрошена струја, вели тетовската правобранителка.

Тетовци од година в година се повеќе ја разбираат работата и надлеженостите на народниот правобранител. И додека минатите години тие се обраќаа до оваа институциија за се и сешто, сега веќе нивните претставки се појасни и поконкретни, што води и до побрзо и адекватно решавање на проблемите со кои се соочуваат.
Најголем број се претставките на граѓаните во кои се жалат на проблеми со ЕВН за испорачаните сметки за потрошена електрична енергија. Најчесто се за заостанат долг кој е застарен, но од страна на ЕВН континуирано во секоја сметка се појавува овој долг и се бара да се наплати.

Според заменик народниот правобранител од канцеларијата во Тетово, Марина Обадиќ, овој период споредено со истиот минатата година од страна на граѓаните до канцеларијата поднесени се речиси ист број на претставки, повеќе од 70. Ги има од сите области, но најголем дел од нив се однесуваат на потрошувачките права, појаснува Обадиќ.
Марина Обрадиќ, заменик народeн правобранител во Тетово.

Марина Обрадиќ, заменик народeн правобранител во Тетово.


„Најголем број се претставките на граѓаните во кои се жалат на проблеми со ЕВН за испорачаните сметки за потрошена електрична енергија. Најчесто се за заостанат долг кој е застарен, но од страна на ЕВН континуирано во секоја сметка се појавува овој долг и се бара да се наплати“, вели Марина Обадиќ, заменик народен правобранител од канцеларијата во Тетово.

Според неа, проблемите од социјалната сфера се уште им се болна точка на тетовци.

„Долг период се пролонгираа овие постапки. Ниту по едно барање не е постапено во законски рок, но народниот правобранител од главната канцеларија достави информации до надлежното министерство и бараше забрзување на постапките. Како резултат на тоа постапките се разгледани, граѓаните ни се јавуваат и не известуваат дека по нивните барања е одлучено.“

До канцеларијата на Народниот правобранител во Тетово некогаш најбројни беа претставките од областа на правосудството. Сега ваквите претставки се застапени во помал број и се однесуваат на оддолжувањата на судските постапки.

„Народниот правобранител е надлежен доколку има одложување на судската постапка и во таа насока делува за забрзување на постапката и да се овозможи законското право на граѓаните за судење во разумен рок. Во последно време е намален бројот на претставки од областа на правосудството“, вели Обрадиќ.

Канцеларијата на Народниот правобранител во Тетово функционира повеќе од 7 години.
XS
SM
MD
LG