Достапни линкови

Партиски кадри или докажани професионалци


Предлозите за нови уставни судии предизвикаа жестоки критики од опозицијата. Власта се брани дека го департизира судот кој се поставил над парламентот.

Подобни судии, партиски кадри или фамилијарни лози кои повлекуваат награда поради заслуги за партијата, партиска послушност пред стручноста. Ова се дел од ставовите на опозицијата која се противи на изборот на новите кандидати за уставни судии. Власта, пак, смета дека предложила докажани професионалци, кои, како што велат, ќе ја внесат демократијата во Судот за разлика од дел од досегашните уставни судии за кои сметаат дека се поставиле над Парламентот и ги поништувале законите донесени во име на граѓаните.
Од состав до состав, значи и со последните кадровски решенија кои се нудат се гледа дека не се работи за некои посебно истакнати правници, туку за дипломирани правници кои не значат нешто посебно во уставно-судската теорија и пракса. Се намалува и бројот на членови во Судот од редовите на универзитетските професор.

Мандатот на тројцата уставни судии Лилјана Ингилизова, Игор Спировски и Зоран Сулејманов истекува на 31 мај оваа година. Власта предложи на нивно место да дојдат поранешен член на Советот на јавни обвинители и еден актуелен, тазе пензионираната обвинителка Елена Гошева и поранешниот судија Никола Ивановски, како и гостиварскиот адвокат Хани Мурати.

По жестоката расправа на пратениците за квалитетот и критериумите по кои се избираат уставните судии се наметнува прашањето каков треба да биде профилот на еден уставен судија. Според уставот, уставен судија треба да биде од редот на истакнати правници што подразбира дека тоа е афирмиран правник од уставноправната теорија и пракса.
Ако докрај одите со идеолошки подобни судии на Уставен суд, ние ќе имаме Уставен суд, не на Република Македонија, туку на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот уставен судија и професор Барјам Положани вели дека во европската пракса е да се бираат луѓе кои значат нешто во уставноправната литература, учествувале во уставно правни реформи или подготовка на измени и донесување на устав.
Собрание.

Собрание.


„Меѓутоа во Македонија се помалку се придржува на таков критериум. Од состав до состав, значи и со последните кадровски решенија кои се нудат се гледа дека не се работи за некои посебно истакнати правници, туку за дипломирани правници кои не значат нешто посебно во уставно-судската теорија и пракса. Се намалува и бројот на членови во Судот од редовите на универзитетските професори“, вели професор Бајрам Положани.
Уставниот суд со досегашното работење ја дерогираше демократијата и воспостави паралелен политички систем со којшто ги контролираше процесите во државата.

Тој додава дека не може да се одбегне партизирањето на Уставниот суд затоа што во земјава Комисијата за избори и менувања гледа како да ги хармонизира критериумите и кандидатите и најчесто предлага кадар со пониски атрубути и одлучува со мнозиство гласови кои го имаат владејачките партии.

СДСМ смета дека власта поставува идеолошки подобни судии.

„Благодарам што ја потврдивте мојата теза дека сега ВМРО-ДПМНЕ ќе назначи идеолошки подобни судии и отсега натаму со право може да зборуваме дека со ваков состав, ако докрај одите со идеолошки подобни судии на Уставен суд, ние ќе имаме Уставен суд, не на Република Македонија, туку на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Ана Павловска Данева на седница на собраниската Комисија за избори и именување.

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, рече дека опозицијата со претходниот состав намерно ги уривала законите.

„Уставниот суд со досегашното работење ја дерогираше демократијата и воспостави паралелен политички систем со којшто ги контролираше процесите во државата. Тука основни носители на оваа работа беа Ингилозова, Зоран Спировски, Бранко Наумовски, Трендафил Ивановски и Наташа Габер Дамјановска, пет уставни судии во Уставниот суд кои ги заменија 120-те пратеници во Собранието“, изјави Александар Николовски, ВМРО ДПМНЕ.

Ставот дека сега ќе внесе демократија во Уставниот суд е политички неодмерен, а од легалистички аспект неиздржлив, вели Положани.

„Прерано сака да се прикаже како ќе се одлучува, каков ќе биде односот при донесување на одлуки во Уставниот суд, значи се прејудицираат потребните мнозинства при одлучување во судот, што е од легалистички аспект уставно-правно недопустливо, а од политички дури и неодмерено и незрело.“

Експертите не сакаат да прејуидицираат што ќе се очекува од новиот состав на Уставниот суд, но со оглед на досегашната пракса на владејачката коалиција, едни исти закони кои судот ги прогласуваше за неуставни да се враќаа во Собранието на повторно гласање со слични одредби на веќе укинатите остава сомнеж дека сега ќе поминуваат полесно.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG