Достапни линкови

Ван Ромпуј го осуди растот на национализмот


Перетседателот на Европската унија Херман Ван Ромпуј го осуди растот на екстремистичките движења и популизмот како закани за слободното движење на луѓето низ блокот од 27 држави. Во обраќањето пред романскиот парламент Ван Ромпуј рече дека националистичките и екстремистички сили „се во подем“ и тоа, според него, ја загрозува понатамошната евроинтеграција. Неговите коментари следат откако кандидатот на анти-имиграциската Партија на народен фронт во Франција освои 18 отсто од гласовите во првиот круг гласање на претседателските избори во Франција.
XS
SM
MD
LG