Достапни линкови

Битолски земјоделци ја лажеле државата за субвенции


Илустрација.

Илустрација.

Над 150 земјоделци од битолскиот регион во изминатите три години се обиделе да ги злоупотребат субвенциите кои ги дели државата за развој на земјоделството.

Над 150 земјоделци од битолскиот регион во изминатите три години се обиделе да ги злоупотребат субевнциите кои ги дели државата за развој на земјоделството. Дел од нив намерно, а дел од немарност пријавиле поголем број на грла со овци и друга стока, како и повеќе хектари засадени површини со земјоделски култури од реалните.
Ќе ги употребиме сите механизми парите за дирекна финансиска поддршка на земјоделците да завршат кај земјоделците, а не кај манипулантите. Доколку се најде таков случај за сите тие парцели и за целокупното производство таа година нема да му се исплатат субвенциите.

Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски најави ригорозни санкции за оние кои лажеле за да добијат субвенции.
Заменик-министерот за земјоделие Зоран Коњановски.

Заменик-министерот за земјоделие Зоран Коњановски.


„Ќе ги употребиме сите механизми парите за дирекна финансиска поддршка на земјоделците да завршат кај земјоделците, а не кај манипулантите. Доколку се најде таков случај за сите тие парцели и за целокупното производство таа година нема да му се исплатат субвенциите. Уште поригорозни се мерките кои следуваат зашто и во следните три години нема да очекува никаква финансиска поддршка. Ние нема да толерираме никакви злоупотреби“, вели Коњановски.

Дел од земјоделците во битолско кои се обиделе да мамат за да добијат субвенции, ги вратиле исплатените пари назад, вели подарчниот началник за земјоделство, Илија Србиновски.

„Се запира постапката и се враќаат средствата. Досега имавме дваесетина случаи кои ги вратија парите. Имал 5 хектари пченица пријавено, зел 40.000 денари и ги вратил парите. Има случаи пријавил 500 глави овци, а на терен се констатирало дека немаат ни 400. Има примери дали од намарност или друго, пријавил два хектари обработена земја, а кога отишол инспекторт на терен нашол хектар и пол“, вели Србиновски.

За да нема малверзации се зајакнуваат контролите на терен. Освен Министерството за земјоделство, Платежната агенција и Земјоделскиот инспекторат, контроли на терен ќе вршат и земјоделски агенти. Годишно во битолскиот дел на Пелагонија за земјоделски субвенции се исплаќаат по 16 милиони евра. Има околу 12.000 апликации од шест илјади индивидуални земјоделци и правни субјекти во Битолскиот регион.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG