Достапни линкови

Британската економија влезе во рецесија


Официјални податоци покажуваат дека британската економија влегла во рецесија, за прв пат по 2009 година. Државниот завод за статистика соопштио дека бруто домашниот производ паднал 0,2 проценти во првиот квартал годинава, откако во последните три месеци минатата година бил забележат пад од 0,3 проценти. Два последователни квартали негативен раст се потребни за една земја официјално да прогласи рецесија. Од британскиот завод за статистика забележуваат дека најдрастичен пад е забележан во секторот градежништво и тоа за 3 проценти.
XS
SM
MD
LG