Достапни линкови

Се стега регионалниот обрач околу криминалците


Илустрација.

Илустрација.

По оние со Косово и со Црна Гора, Собранието треба да ги ратификува и договорите за екстрадиција со Србија и со Хрватска.

Поранешниот директор на царината Драган Даравелски веќе нема да може да се крие зад српското државјанство и да го избегнува издржувањето затворска казна во Македонија. Даравелски беше осуден на седум години затвор во 2007 година, но побегна во Белград. Србија не го екстрадираше во Македонија, поради тоа што има и српски пасош.
Поаѓајќи од таква измена во Уставот, сега нашата Република пристапува и кон донесување на конкретни закони за ратификација на договорите со земјите од регионот, а целта е значи борбата со криминалот, затоа што, како што се забележува, тој криминал зазема загрижувачки размери во секоја земја, па и во нашата.

По Косово и Црна Гора, на криминалците што ги бара Македонија им се затвораат вратите за бегање и во Србија и во Хрватска. Двојното државјанство веќе нема да биде пречка за испорачување на бараните криминалци, затоа што, со Договорите за екстрадиција меѓу Македонија и Хрватска и меѓу Македонија и Србија што Собранието треба да ги ратификува, се предвидува и екстрадиција на сопствени државјани.
Собрание.

Собрание.


Што повеќе договори за екстрадиција, тоа помал простор за избегнување на правдата на извршителите на кривични дела. Значи не само со овие земји, ние треба вакви договори со сите можни змеји да потпишеме.
Според договорите, екстрадиција на сопствени државјани ќе се дозволи само за кривични дела од организираниот криминал и корупцијата, како и за кривичното дело перење пари. Под корупција, според договорот, се смета и злоупотреба на службената должност од страна на службено или одговорно лице, како и проневера.

За да се дозволи екстрадиција на луѓе што се осудени во отсуство, државата која ги бара мора да гарантира дека може повторно да ја спроведе кривичната постапка во присуство на екстрадираниот.

Професор Осман Кадриу вели дека со уставните измени од минатата година се дозволи екстрадиција на сопствени државјани, а и земјите во регионот почнаа да интервенираат во сопствените Устави за полесно да може да се справат со криминалците.

„Поаѓајќи од таква измена во Уставот, сега нашата Република пристапува и кон донесување на конкретни закони за ратификација на договорите со земјите од регионот, а целта е значи борбата со криминалот, затоа што, како што се забележува, тој криминал зазема загрижувачки размери во секоја земја, па и во нашата.“

Професор Владимир Пивоваров, пак, вели дека безбедносните органи со нетрпение ја очекувале оваа мерка.

„Што повеќе договори за екстрадиција, тоа помал простор за избегнување на правдата на извршителите на кривични дела. Значи не само со овие земји, ние треба вакви договори со сите можни змеји да потпишеме.“

Според податоците на МВР, до август минатата година Македонија имала 324 активни меѓународни потерници за македонски граѓани кои побегнале од рацете на правдата, најверојатно во соседните земји.

Меѓу најпознатите случаи, освен Даравелски, се и стечајниот управник Владислав Тамбурковски, поранешниот министер за здравство Владо Димов, како и сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија, Зоран Даневски кои се кријат во Бугарија, но Македонија и Бугарија се уште немаат потпишано договор за екстрадиција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG