Достапни линкови

Македонците слабо мотивирани за донации


Република Македонија падна на 132 место според Светскиот индекс на донирање во 2011 година, со што се најде за 41 место подолу во споредба со 2010 година. Спротивно на светскиот тренд, земјата бележи пад од шест проценти.
Индексот го прикажува филантропското расположение на физичките лица и ,според него. македонските граѓани најмногу им помагаат на непознати, помалку донираат финансиски средства, а најмалку се расположени за волонтирање.
Според експертите, даночните поттикнувања предвидени во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности кои треба да стимулираат зголемено донирање од страна на физичките лица, во пракса се нефункционални и најголемиот број граѓани воопшто не ги користат, соопшти здружението на граѓани „Конект“.
XS
SM
MD
LG