Достапни линкови

Израел се сомнева дека Иран ќе реши да направи нуклеарна бомба


Шефот на генерал – штабот на израелските вооружени сили изјави дека се сомнева оти Иран ќе реши да изгради нуклеарно оружје. Генерал-полковник Бени Ганц за израелскиот весник "Хаарец", изјави дека во Техеран се уште нема одлука дали да направи бомба.
Иран од друга страна, вели Бенц, веќе има способност за збогатување на ураниум до 20 проценти што е за употреба во медицината, но во иднина ќе биде во можност да оди и до 90 насто што е ниво потребно да се направи нуклеарно оружје.
Ганц смета дека кампањата на дипломатски притисок почнува да дава почетни резултати во намерата да биде убедена исламската република да не производува нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG