Достапни линкови

logo-print

Саркози - нема договор со крајната десница


Никола Саркози изјави дека ако добие втор мандат како Претседател на Франција нема да прави политички договор со крајната десница односно Националниот Фронт но дека нивните гласачи не треба да се демонизираат.
Саркози во првата рунда доби 27,2 наспроти 28,6 на кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд и тие ќе се соочат во вториот круг. На трето место беше Марин Ле Пен од Националниот Фронт со 18 проценти.
Саркози, пред втората рунда на 6 Мај, се обидува да ги привлече гласачите на Марин Ле Пен.
XS
SM
MD
LG