Достапни линкови

Попоски од Бан Ки-мун побара да се почитува Хашката пресуда


Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, од кого побарал да се заложи за почитување на пресудата од страна на Меѓународниот суд на правдата која, како што рекол, потврди дека блокирањето на членството на Македонија во НАТО е нелегално. Министерот Попоски во Њујорк имаше средба и со посредникот на ОН во спорот со името Метју Нимиц.
- Во рамки на редовната комуникација со посредникот на ОН во спорот со Република Грција ги разменивме нашите согледувања околу тековните предизвици. Извесно е оти тековната политичка агенда во Република Грција е фокусирана на други теми, претежно во економската сфера. Република Македонија има интерес тие предизвици да бидат надминати бидејќи се залагаме за постабилен и просперитетен регион, а во тој поглед и сметаме дека таков пристап од нашиот јужен сосед би бил основа за исчекор кон градење на позитивна клима, рече министерот за надворешни работи.
По престојот во Њујорк, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во рамки на неколкудневната посета на САД, ќе отпатува за Вашингтон.
XS
SM
MD
LG