Достапни линкови

logo-print

Панета: активностите што ги планира Северна Кореја се провокации


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета рече дека најновите чекори што планира да ги направи Северна Кореја претставуваат нова провокација. Панета оцени дека активностите на таа земја ќе внесат поголема нестабилност во светот. До овој негов коментар во Бразил доаѓа по најавите на Пјонгјанг дека се подготвува за ново нуклеарно тестирање. Ваквиот чекор ќе донесе натамошна меѓународна осуда, рече Панета.
XS
SM
MD
LG