Достапни линкови

Нетанјаху: Синаи се претвора во дивиот запад


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека египетскиот полуостров Синаи се претвора во „еден вид на див запад“. Тој дополнува дека областа ја користат исламистички милитанти кои наводно добиваат подршка од Иран, шверцуваат оружје и изведуваат напади врз Израел. Нетанјаху вели дека Израел постојано разговара со египетските власти кои исто така биле вознемирени околу ситуацијата. Во интервју пред 64 годишнината од израелската независност премиерот вели дека израелско-египетскиот мировен договор од 1979 година треба да се почитува бидејки истиот е од взаемна корист за двете страни.
XS
SM
MD
LG