Достапни линкови

Марзоуки: Башар Ал Асад е готов


Тунискиот претседател Монцеф Марзоуки вели дека Башар ал Асад, кој се соочува со голем меѓународен притисок и бунтови против неговото владеење „е готов“ како сиријски претседател. Во интервју за арапскиот весник „Ал Хајат“ лидерот на Тунис рече дека Асад мора жив или мртов да се симне од лидерската позиција. Марзоуки дополни дека сојузниците на Сирија мора да разберат дека Асад е готов и дека веќе не можат да го бранат.
XS
SM
MD
LG