Достапни линкови

Oрбан: Набуко е во невоља


Премиерот на унгарија Виктор Орбан покрена прашања за понатамошното учество на унгарската компанија за нафта и гас во гасоводот „Набуко“ кој го подржува Европската унија. Орбан во понеделникот изјави дека „Набуко“ е во невоља. Унгарската компанија во соопштение вели дека „се уште има многу несигурности околу проектот ’Набуко’ кои тешко може да се игнорираат“ но не прецизира дали ќе го напушти потфатот. Надлежните за гасоводот подоцна испратија соопштение во кое велат дека за сега нема индикатори дека унграската фирма ќе се повлече. Се уште не е почната изградбата на гасоводот кој би требало да обезбедува природен гас за земјите во Европската унија преку каспискиот регион, веројатно од блискиот исток.
XS
SM
MD
LG