Достапни линкови

Повеќе странски војници на Косово


Командантот на КФОР германскиот генерал Ерхард Древс денеска изјави дека до петок се очекуваат 700 дополнителни војници на НАТО на Косово. Тој не коментираше за причините за нивното доаѓање ниту каде ќе бидат стационирани.Пристигнувањето на дополнителните меѓународни трупи денеска за Танјуг го потврди и портпаролот на КФОР Уве Новицки. Во пишаната изјава се вели дека „вториот батаљон на Оперативните резервни сили ќе биде активиран и наскоро ќе биде распореден на Косово. Тоа е дел од планирање и позиционирање за да бидеме сигурни дека имаме сили потребни за нашите задачи“. Претходно во Берлин и Виена беше соопштено дека на Косово ќе биде испратено засилување за КФОР пред изборите од единица за резервни оперативни сили (ORF) составена до германски австриски војници. Ќе бидат стационирани, како што е најавено на пунктови во Косовска Митровица и во албански села во општинита Звечан и Зубин Поток во кои се планирани локални избори.
XS
SM
MD
LG