Достапни линкови

Двајца загинати во експлозија на бомба во Пакистан


Најмалку двајца загинале во експлозија на бомба на главната железничка станица во Лахоре, соопшти пакистанската полиција. Најмалку десетмина се повредени во инцидентот. Властите велат дека бомбата експлодирала во близина на чекална а повредените биле пренесени во болница. Лахоре е втор по големина град во Пакистан.
XS
SM
MD
LG