Достапни линкови

Филе: Регионот реши да стане добар европски сосед


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денешната донаторска конференција во Сараево ја оцени како сигурен знак дека регионот решил да го остави минатото зад себе и да стане добар европски сосед. „Конференцијата претставува пример на регионалната соработка и укажува на огромните напори четирите држави - Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија - да го решат поблемот со бегалците.
Враќањето на бегалците претставува столб на регионалната соработка и добар пример за решавање на другите меѓународни кризи во светот, посебно поврзани со бегалците“ рече Филе.
Тој потсети дека Европската унија донирала 230 милиони евра, што е речиси половина од средствата што се потребни за трајно станбено решавања на прашањето ан 27.000 најзагрозени бегалски семејства во регинот.
XS
SM
MD
LG