Достапни линкови

Одложено судењето на Младиќ


Трибуналот за воени злосторства го одложи судењето на Ратко Младиќ за геноцид за два дена, на 16 мај. Судијата Алфонс Орие го најави одлагањето за време на последното сослушување пред судењето на поранешниот лидер на босанските срби. Младиќ се соочува со 11 обвиненија за геноцид и злосторства против човештвото од времето на конфликтот во Босна и Херцеговина во деведесетите години. Младиќ ги отфрла обвиненијата.
XS
SM
MD
LG