Достапни линкови

Тимошенко штрајкува со глад во затвор


Екс-премиерот на Украина Јулија Тимошенко во затвор почна штрајк со глад. Нејзиниот адвокат изјави дека екс-премиерот започнала со штрајкот минатата недела на 20 април. Тој дополни дека затворските стражари ја повредиле Тимошенко кога на сила се обиделе да ја внесат во билница. Адвокатот вели дека Тимошенко, која отслужува седум годишна затворска казна, е тешко болна и не може да стане од кревет.
XS
SM
MD
LG