Достапни линкови

Се уште без сигурен учесник на Олимпијадата


За олимписка норма се бори кајакарот Атанас Николовски.
За олимписка норма се бори кајакарот Атанас Николовски.

На три месеци до почетокот на Олимпијадата во Лондон ни еден македонски спортист не се изборил за сигурно учество.

На само три месеци пред почетокот на Олимпијадата во Лондон(27 јули - 12 август), Македонија уште нема сигурен учесник на најголемиот спортски настан во светот. Од нашето осамостојување, на Летните Олимписки игри секогаш сме имале барем еден олимпиец со исполнета норма, но тоа сега е неизвесно, иако претстојат уште шанси за вадење визи, а последната варијанта е некои македонски спортисти да настапат со вајлд - карта (покана).
Воопшто не ми претставува никаков притисок затоа што и останатите натпреварувачи кои треба да изборат норма имаат притисок, па може да кажам многу повеќе и од мене, бидејќи се работи за млади натпреварувачи, повеќето од нив. Мислам дека оној психички аспект ќе биде повеќе на наша страна. Јас на тие големи натпревари сум доста растеретен, па се надевам дека така ќе биде и овој пат. Се чувствувам подготвен, имав доста натпревари, доста подготовки, напорно работевме за овие Олимписки игри и се надевам дека тоа ќе вроди со резултат.
Атанас Николовски, кајакар.

По неуспехот на ракометната и на ватерполо репрезентацијата во квалификациите, честа на екипните спортови остана да ја бранат кошаркарите. Тие на турнир во Венецуела, во почетокот на јули (од 2 до 8 јули), во конкуренција на 12 селекции за пат во Лондон ќе треба да освојат едно од првите три места.
По неуспехот на ракометната и на ватерполо репрезентацијата во квалификациите, честа на екипните спортови остана да ја бранат кошаркарите кои бркаат пласман на Олимпијадата.
По неуспехот на ракометната и на ватерполо репрезентацијата во квалификациите, честа на екипните спортови остана да ја бранат кошаркарите кои бркаат пласман на Олимпијадата.

Кога се во прашање поединечните спортови, се чини најголеми шанси за олимписка виза има единствениот наш спортист кој со исполнета норма настапи на претходната Олимпијада во Пекинг, кајакарот Атанас Николовски. Тој, на Европското првенство, од 9-ти до 13-ти мај во Аугсбург (Германија), ќе треба да биде најмалку втор меѓу кајакарите кои се уште атакуваат на потребната норма. Тоа навестува неизвесна битка, во која според Николовски, адут за исполнување на целта ќе му биде и подобрата психолошка подготвеност од ривалите.

„Воопшто не ми претставува никаков притисок затоа што и останатите натпреварувачи кои треба да изборат норма имаат притисок, па може да кажам многу повеќе и од мене, бидејќи се работи за млади натпреварувачи, повеќето од нив. Мислам дека оној психички аспект ќе биде повеќе на наша страна. Јас на тие големи натпревари сум доста растеретен, па се надевам дека така ќе биде и овој пат. Се чувствувам подготвен, имав доста натпревари, доста подготовки, напорно работевме за овие Олимписки игри и се надевам дека тоа ќе вроди со резултат“, изјави Атанас Николовски.

Само уште една шанса за исполнување на олимпискиот сон имаат и борачите во слободен стил Дејан Митров, Љуљзим Вранези и Дејан Богданов. Тие на турнирот од 2 до 6 мај во Хелсинки (Финска), ќе треба да стигнат до финалето.

За настап во Лондон ќе се борат и пливачите - маратонци Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, кои на трката на 10 километри на 10 јуни во Сетубал (Португалија), ќе треба да бидат меѓу првите деветмина без олимписка виза.

Иако со симболични шанси, во наредните два месеца на митинзи олимписката норма ќе ја бркаат и атлетичарите Кристијан Ефремов, Ристе Ајдаров, Ивана Рожман, Христина Ристевска и Александра Спасовска и пливачите Симона Маринова и Марко Блажевски. Сепак, во овие спортови, најверојатно ќе имаме по еден претставник во машка и во женска конкуренција со вајлд - карта.

Таква можност постои и за стрелачката Надица Апостоловска, која во втората половина на наредниот месец, на два турнира од Светскиот куп, во Милано и во Минхен, ќе се обиде да погоди 398 кругови во дисциплината 10 метри воздушна пушка.

Поканата за Лондон е последна шанса и за џудистот Ванчо Сарафов. Во неговиот спорт ќе има уште неколку натпреварувања на кои ќе се собираат бодови за напредок на светската ранг-листа, по која се одредуваат учесниците на Игрите. Во џудо, пласман на ОИ обезбедуваат првите 7 од Европа. Но, Сарафов нема да настапи на тие квалификациски турнири.
XS
SM
MD
LG