Достапни линкови

Кралев: Нема укинување на студиски програми во Битола


Панче Кралев

Панче Кралев

Министерот за образование и наука Панче Кралев изјави дека на Техничкиот факултет во Битола нема укинување на студиски програми, туку една во сообраќајниот отсек е ставена во мирување. „ Во меѓувреме, добро би било академскиот кадар заедно со други засегнати субјекти да размислат и да им овозможат работни места на дипломираните. Мора да се внесуваат новитети, да се работи и да се има континуирана комуникација со бизнис-заедницата и јавниот сектор за да бидеме сигурни дека оние што ќе завршат високо обрзование полесно може да најдат работа“ рече Кралев.
XS
SM
MD
LG