Достапни линкови

НДП: Да се бара помош од ФБИ за петкратното убиство


влезот на зградата на ФБИ во Вашингтон

влезот на зградата на ФБИ во Вашингтон

Полицијата и истражните органи на Македонија, немаат капацитет да го расветлат петкратното убиство кај Железарското езеро во близина на Скопје, се наведува во соопштението од Националната демократска преродба. „За да се справи успешно со истрагата, Владата наместо асистенција од државите во регионов, да побара професионална помош од Федералното истражно биро (ФБИ) и случајот да им го довери на експертите од оваа служба“ стои во соопштението од партијата, чиј лидер е Руфи Османи. Предлогот, се посочува, НДП го темелеат врз сознанијата дека истрагата тапка во место и се создава несигурност и загриженост.
XS
SM
MD
LG