Достапни линкови

Ден на сеќавање на геноцидот во Ерменија


Ерменија денеска го одбележува Денот на сеќавање на геноцидот, во чест на околу милион ипол убиени ерменци од страна на отоманските турци пред 95 години. Ерменскиот претседател Серж Саркасијан и други високи функционери денеска положија цвеќиња во меморијалниот центар во Ереван. Саркасијан изјави дека трагедијата не смее да биде заборавена и оти ерменците не треба да ги заборават своите корени. Официјална Анкара отфрла дека се случил геноцид и оти имало толку голем број жртви, а поради овој спор Ерменија и Турција немаат воспоставено дипломатски односи.
XS
SM
MD
LG