Достапни линкови

logo-print

Обичен инцидент - голема драма


Илустрација.

Илустрација.

Еден човек е ранет по расправија за имот, а дел од медиумите од тоа направија филмска престрелка со четворица мртви.

Еден човек синоќа е ранет од огнено оружје по расправија поради нерасчистени имотно-правни односи синоќа во Скопје, а дел од медиумите од тоа направија филмска престрелка со четворица мртви.
Караници и пресметки за нива, за имот имало и во минатото. Ново е што денеска се случуваат други убиства од поинаков карактер, како што беше ова петкратното да речеме, и од таму стравот затоа што неефикасноста на полицијата навреме да ги открие сторителите и да ги открие и причините за ваквите дела веројатно создаваат таква психотична состојба којашто веројатно наликува на таква параноја дека нешто страшно ни се случува.

Како што информираат од МВР, 71-годишен човек и неговата 25 години помлада поранешна сопруга се скарале со 63-годишен скопјанец. При расправијата 63-годишникот извадил пиштол и испукал повеќе куршуми, при што го ранил 8 години повозрасниот сограѓанин во левата натколеница. Повредениот е пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар Скопје. Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.
Илустрација.

Илустрација.


Во текот на ноќта, оваа информација на социјалните мрежи, но и во дел од македонските медиуми, повикувајќи се на очевидци, беше „надградена“ во филмска престрелка во која имало четири жртви, по што почнаа да се плетат најразлични приказни.

Социологот, професор Нелко Стојаноски вели тепачки за ниви и за меѓи имало секогаш, но сега, по петкратното убиство кај Смилковското Езеро, граѓаните живеат во страв.
Во трка со времето и што побрзо да се информираат читателите, слушателите или гледачите се нарушува вообичаениот професионален процес на проверка на информациите.

„Малку треба, мал детонатор треба да се потпали фитилот и да експлодира. Социјалните мрежи често ги мултиплицираат и ги зголемуваат таквите стравови. Инаку, караници и пресметки за нива, за имот имало и во минатото. Ново е што денеска се случуваат други убиства од поинаков карактер, како што беше ова петкратното да речеме, и од таму стравот затоа што неефикасноста на полицијата навреме да ги открие сторителите и да ги открие и причините за ваквите дела веројатно создаваат таква психотична состојба којашто веројатно наликува на таква параноја дека нешто страшно ни се случува“, вели Стојаноски.

Комуникологот Сеад Џигал вели дека една од причините за ширењето на ваквите неточни гласини е неизградениот систем на вредности кај граѓаните. Другиот главен столб што придонесува за ваквата ситуација е „дивата“ плурализација на медиумите, вели тој.

„Во трка со времето и што побрзо да се информираат читателите, слушателите или гледачите се нарушува вообичаениот професионален процес на проверка на информациите, нивна верификација и уредување, односно едитирање пред тие да се објават. Значи во трка во времето, настаните и конкуренцијата тој просец е целосно атрофиран и така настануваат разни проблеми во јавното информирање“, вели Џигал.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG