Достапни линкови

Нема мир во Сирија, продолжуваат бомбардирањата


Активисти кои го следат конфликтот во Сирија, јавија дека околу 60 луѓе биле убиени од владините сили и оти насилствата во земјата продолжуваат и покрај прокламираното примирје. Според истиот извор, повеќето од жртвите биле цивили кои загинале при гранатирањето во градот Хама. Во меѓувреме, сиријската телевизија јави дека во центарот на Дамаск експлодирала бомба, при што биле повредени најмалку три лица.
XS
SM
MD
LG