Достапни линкови

Се зајакнува американското разузнавање


Американски медиуми јавуваат дека Министерството за одбрана подготвува нова разузнавачка единица, како дел од реорганизацијата на разузнавањето, посебно на военото. Според претставник на Пентагон, новата единица тесно ќе соработува со ЦИА, а целта е да биде зајакната координацијата меѓу ЦИА и армијата. Овој план бил активиран откако заклучокот на една анализа бил дека военото разузнавање треба повеќе да се фокусира и надвор од конвенционалните воени зони.
XS
SM
MD
LG