Достапни линкови

Попоски во Њујорк на средба со Бан Ки Мун


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за актуелните прашања од агендата на светската организација, со посебен акцент на состојбата во Сирија, како и за актуелностите во македонско-грчкиот дијалог за надминување на разликата околу името, што се води под покровителство на Ки-Мун. Не се исклучува и можноста шефот на дипломатијата да се сретне со медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц. Во Њујорк, министерот Попоски ќе се сретне и со Хенри Кисинџер, поранешен државен секретар на САД.
XS
SM
MD
LG