Достапни линкови

Бан Ки Мун со предупредување до Северна Кореја


Генералниот секратар на Обединетите Нации Бан Ки Мун ја предупреди Северна Кореја да не продолжува со „провокативните акции“. Ваквото предупредување доаѓа откако Пјонгјанг соопшти дека војската е подготвена да преземе „специјални мерки“ со кои ќе ја претвори јужнокорејската владата во пепел за неколку минути. Севернокорејската закана следува по неуспешниот обид за лансирање на ракета со долг дострел. Јужнокорејските власти тврдат дека имаат докази дека Пјонгјанг планира да спроведе уште еден нуклеарен тест.
Бан Ки Мун изјави дека таквите акции нема да бидат пожелни за мирот и стабилност на корејскиот полуостров и побара од Северна Кореја целосно да ги почитува резолуциите за безбедност на Обединетите Нации си кои се забрануваат нуклеарни и ракетни тестови.
XS
SM
MD
LG