Достапни линкови

Холандската влада падна


Холандската влада предводена од премирот Марк Рут си поднесе оставка.
Кралицата Беатрикс вчера ја прифати понудената оставка по средбата со премиерот.
Рут е првиот човек на десно ориентирана коалициска влада која за подршка во парламентот се потпираше на Партијата за слобода. Кризата настана во текот на викендот, кога Партијата за слобода не се согласи со предложените кратења од буџетот, кои се проценети на 16 милијарди евра. Намалувањето на расходите од холандската народна каса се правдаат со целта за намалување на буџетскиот дефицит, согласно правилата на Европската унија.
XS
SM
MD
LG