Достапни линкови

Протест на косовските новинари


Косовски новинари протестираа денеска пред Собраниетово во Приштина поради одредбата на законот за кривична постапка, која предвидува дека се должни да ги кажат своите извори на информација или во спротивност ќе бидат казнети со затвор. Асоцијацијата на професионални новинари на Косово (АПНК) вчера ги повика сите новинари и медиумски куќи со 15-минутно молчење да протестираат против одредбата на членот 37 и 38 на новиот закон за кривична постапка кој Собранието на Косово го усвои во петокот. Претседателот на АПНК Арбен Ахмети рече дека се надеваат на интервенција на меѓународните претставници и претседателката на Косово ваквиот текст од законот да не се прогласи.
XS
SM
MD
LG