Достапни линкови

logo-print

Хакерски напад на системите во иранско министерство


Иранските власти потврдија дека имало сајбер напад на компјутерските системи во Министерството за нафта. Надлежните велат дека посебен тим бил составен со цел да се спречат нападите. Иранските агенции пренесуваат изјави на државни службеници кои објаснуваат дека компјутерскиот вирус, кој бил програмиран да брише податоци, не ги оштетил важните информации. Во 2010 година иранските компјутерски системи беа нападнати од софистициран компјутерски вирус познат како „Стукснет“, кој напаѓал податоци поврзани со активности за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG