Достапни линкови

Узбекистан демантира постоење на програма за присилна стерилизација


Узбекистанската влада ги демантираше извештаите за постоење на тајна програма за стерилизација на жени со цел контролирање на стапката на наталитет. Министерството за надворешни работи соопшти дека програмата за планирање на семејството е пример за другите држави и тоа не само централноазиските. Меѓународни групи за човекови права и западни медиуми во изминативе неколку години ја обвинуваа узбекистанската влада за практикување на присилна стерилизација. Узбекистан брои 30 милиони жители и е најнаселена земја во Централна Азија.
XS
SM
MD
LG