Достапни линкови

Загриженост од ЕУ за резултатите од изборите во Франција


Неколкумина претставници на Европската унија изразија загриженост за успехот на десноориентираниот Национален Фронт на претседателските избори во Франција. Лидерот на фронтот Маринe ле Пен не успеа да влезе во вториот круг, но заврши третa со освоени 18 проценти од гласовите. Николас Саркози е втор со освоени 27 отсто и се натпреварува со кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд кој има 28,7 проценти од гласовите. Портпарол на германскиот канцелар Ангела Mеркел изјави дека скорот на Ле Пен е алармантен. Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн го прозва Саркози за успехот на Ле Пен, поради неговиот предлог за време на кампањата за играциски реформи. Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд ги посочи опасностите од ставовите кои се противат на отворените општества и отворена Европа.
XS
SM
MD
LG