Достапни линкови

logo-print

Охридските хотели ќе ги загубат ѕвездичките


Плажа во Охрид

Плажа во Охрид

За хотел со 4 звезди новиот правилник за категоризација предвидува базен и минимум 12 метри квадратни на еднокреветна соба, за пет ѕвезди базен, фитнес и спа-центар и 14 метри квадратни за еднокреветна соба. Во Охрид, ниту еден хотел не располага со затворен базен, спа центар и други пропратни содржини,

Ако се направи споредба помеѓу хотелите со 4 и 5 звезди во Охрид и оние во туристичките центри во соседството ќе се види огромна разлика. Во Охрид ниту еден хотел не располага со затворен базен, спа центар и други пропратни содржини, за разлика од оние во Турција, Бугарија или Грција сметаат дел од инволвираните во туризмот. Новиот предлог правилник на Министерството за економија во однос на категоризацијата на хотелските капацитети ги стави во небрано охридските хотелиери бидејки најголем дел од нив нема да можат да ја задржат постоечката категоризација.
Една до две звездички сите би изгубиле. Не ќе можат да продаваат скапи аранжмани и ќе мора да ја спуштат цената на сместување. Хотел со 4 звезди треба да има базен, но доколку државата не етаблира систем на евтино греење илузорно е да очекувате некој да троши толку струја за да го загрее.

Професорот на факултетот за туризам Зоран Тунтев и Елида Битрак сопственик на туристичка агенција велат дека ако не се прилагодат со новите прописи Охрид повеќе нема да има хотел со 4 и 5 звезди.

„Една до две звездички сите би изгубиле. Не ќе можат да продаваат скапи аранжмани и ќе мора да ја спуштат цената на сместување. Хотел со 4 звезди треба да има базен, но доколку државата не етаблира систем на евтино греење илузорно е да очекувате некој да троши толку струја за да го загрее“, рече професор Тунтев
Елида Битрак сопственик на туристичка агенција од Охрид.

Елида Битрак сопственик на туристичка агенција од Охрид.


„Охридските хотели не ги исполнуваат условите за категоризацијата која ја имаат сега, хотели со 4 и 5 звезди. Во Охрид нема хотел со затворен и отворен базен со топла вода, спа центар кој во последно време е императив за секој еден турист. Мислам дека со една проширена понуда во Охрид би престојувале гости и вон сезона“, вели Битрак
Почувствувавме дека со доаѓањето на странците дека има потреба за таква работа. Во план е да се изгради и мал спа центар и се надевам дека од наесен тоа ќе почне да се реализира. Ова е голема инвестиција и влијае на буџетот и е околу 250.000 до 300.000 евра.

Дел од хотелите веќе почнаа да инвестираат во потребната инфраструктура. На пример хотел Гранит гради отворен базен, хотел Дрим размислува да инвестира во реконструкција на постоечкиот затворен базен кој е надвор од употреба неколку години, но и во изградба на поголем спа центар. Перо Китановски менаџер на Хотел Гранит, вели:

„Почувствувавме дека со доаѓањето на странците дека има потреба за таква работа. Во план е да се изгради и мал спа центар и се надевам дека од наесен тоа ќе почне да се реализира. Ова е голема инвестиција и влијае на буџетот и е околу 250.000 до 300.000 евра“, вели Китановски.

Љупчо Цветановски сопственик на хотелот Климетица смета оти сега не е вистинскиот момент за вакво нешто.

„Новите законски прописи се престроги во време на криза. Треба да има измени во законската регулатива“, вели Цветановски.

За хотел со 4 звезди новиот правилник за категоризација предвидува базен и минимум 12 метри квадратни на еднокреветна соба, за пет ѕвезди базен, фитнес и спа-центар и 14 метри квадратни за еднокреветна соба. Еден објект за да добие една или две ѕвезди според измените на правилникот треба да има најмалку 10 соби ,15 соби за три и најмалку 20 соби за објекти со 4 и 5 ѕвездички. Покрај ова хотелите од висока категорија, на секои 30 соби треба да има по една соба за инвалиди, а услов ќе биде и задолжително познавање на еден странски јазик за менаџерот и персоналот. Угостителските објекти ќе имаат две години време за прилагодување кон барањата кои произлегуваат од новиот Правилник за категоризација.
XS
SM
MD
LG