Достапни линкови

Попоски чука на погрешна врата


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот Никола Попоски ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун од кого ќе побара да се заложи за почитување на пресудата од Хаг. Генералниот секретар не е вистинската адреса од која сега би можело да се извелече што било друго освен морална поддршка, велат експертите.

Целта на најавената средба на македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски со генералниот секретар на ОН, е да се порача уште еднаш дека пресудата на Меѓународниот суд во Хаг е силен аргумент кој мора да се вреднува и да се побара и од Бан Ки Мун да се заложи за нејзино почитување.
Од немајкаде ние одиме во ОН. ОН е една политичка организација, којашто, велам, во крајна линија големите сили исто даваат дом на политиката на организацијата и поради тоа ми се чини дека ова нема да заврши на добро за нас.

Тоа е де факто последен или еден од последните обиди врз основа на хашката пресуда да се издејствува успех на претстојниот самит на НАТО. Фактот, пак, што во завршницата на таканаречената дипломатска офанзива за влез во НАТО се настапува во ОН, зборува за безнадежноста од очекувањето нешто да се смени на самитот во Чикаго, велат експертите. Генералниот секретар не е вистинската адреса од која Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје, февруари, 2012

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје, февруари, 2012

​сега би можело да се извлече било што друго освен морална поддршка, вели професор Денко Малески.

„Од немајкаде ние одиме во ОН. ОН е една политичка организација, којашто, велам, во крајна линија големите сили исто даваат дом на политиката на организацијата и поради тоа ми се чини дека ова нема да заврши на добро за нас.“
Мислам дека не треба да очекуваме ништо од НАТО на Самитот во Чикаго, туку да бидеме спремни на тоа што потоа, кој да биде следниот чекор.

Вистинските соговорници би биле центрите на моќ, САД, Генералниот секретар на НАТО или некоја од големите сили кои одлучуваат, кои што пак својот став веќе јасно го соопштија, додава Малески.

Од моментот на донесувањето на пресудата јасно ни е укажувано од сите релевантни извори дека конзензусот во Алијансата ги фрла во вода сите други аргументи, додава политикологот Беким Кадриу.

„Мислам дека не треба да очекуваме ништо од НАТО на Самитот во Чикаго, туку да бидеме спремни на тоа што потоа, кој да биде следниот чекор.“

Овие обиди треба да се гледаат и како очекувана активност на македонската дипломатија, велат експертите, поради фактот што таа тргна по патот на истерување на правдата, пат кој и претходно ни беше укажано дека не води до разрешување на политичкиот проблем кој се разрешува со компромис и дијалог.

„Власта потроши три години, работа, пари, лобирање да добиеме поволна пресуда во Хаг и добивме пресуда поволна. И сега таа треба да го покаже тоа пред својата јавност дека се труди да издејствува што е можно повеќе од тоа за да може да рече ете ние неправивме се“, додава Малески.

Покрај средба со Бан Ки Мун, министерот Поповски треба да се сретне и со посредникот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG